22.02.2018 09:07

Манчестер јунајтед и Севилја одиграа без голови, Шахтјор со пресврт ја совлада Рома


Натпреварот меѓу Севилја и Манчестер јунајтед заврши без голови, додека Шахтјор на домашен терен со 2:1 ја совлада Рома во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Севилја се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен, имајќи иницијатива во нападот во текот на целиот меч, но Манчестер јунајтед благодарение на одличните интервенции на Давид де Хеа не прими ниту еден гол.

Домаќините кон крајот на првото полувреме имаа две посериозни шанси, а Манчестер јунајтед, кој воглавно се бранеше, кон крајот на натпреварот покажа офанзивна игра, а Лукаку постигна и гол, но беше поништен поради игра со рака.

Шахтјор по пресврт ја совлада Рома со 2:1 на домашен терен и со предност ќе патува на реваншот во Рим.

Први до водство стигнаа гостите во 41. минута со голот на Џенгиз Ундер.

Украинците во 52. минута со погодокот на Фереира израмнија на 1:1, а конечниот резултат го постигна Фред со гол од слободен удар во 71. минута.

Реваншите во Манчестер и во Рим се играат на 13 март. /МИА


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments