Малолетник повреден во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 15.15 часот во Куманово на крстосница од ул.„Васил Антевски“ и крак од истата улица, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Лонџиа“ со кумановска регистарска ознака управуван од малолетно машко лице од село Опае, Куманово и патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од У.Х. (1976) од Куманово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по незгодата возачот на мопедот бил пренесен во Јавна здравствена установа Општа Болница- Куманово, каде е констатирана тешка телесна повреда во вид на скршеница на клучна коска и е задржан на лекување.

Увид на лице место е извршен од увидна екипа од СВР-Куманово.