Малолетник од Куманово пронајден починат во неговиот дом

Сподели со своите пријатели

Малолетно лице од Куманово вчера било пронајдено починато во својот дом, информираат денеска од полицијата.

Loading...

– На 12.11.2023 во 11.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во својот дом во Куманово бил пронајден починат малолетник од Куманово, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршула екипа од СВР Куманово.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Никола Ивановски