Малолетници во Австрија на суд бараат построги мерки против климатските промени

Сподели со своите пријатели

Десетина малолетници поднесоа тужба до највисокиот австриски суд, со цел да ги принудат властите да обезбедат заштита на нивните уставни права со преземање поостри мерки против климатските промени.

Loading...

Нивната адвокатка Михаела Кромар објави дека случајот изнесен пред Уставниот суд се заснова на слична тужба во Германија, што ја натера тамошната влада да постави нови цели за намалување на емисиите на стакленички гасови пред две години, пренесува АП.

Кромар додаде дека австрискиот закон за климата од 2011 година не ги штити доволно тужителите на возраст меѓу пет и 16 години од опасни по живот последици од глобалното затоплување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Таа изјави и дека „меѓугенерациската правда“, која е загарантирана со австрискиот устав, е прекршена со законот за климата во таа земја.

Според неа, оваа тужба е поддржана од младинската климатска организација „Петоци за иднината“, која била инспирирана од постапките на шведската активистка Грета Тунберг и финансиски поддржана преку филантропски донации, наведува АП.