Малолетен велосипедист повреден во населбата Карпош

Сподели со своите пријатели

Велосипедист со иницијали М.Б. се здобил со телесни повреди, откако во него удрил автомобил во населбата Карпош.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната незгода се случила вчеравечер околу 20 часот на крстосницата помеѓу Никуљски пат и улицата „160“. Автомобил марка „Сеат толедо“движејќи се по Никуљски пат удрил во малолетниот велосипедист, кој се движел во спротивна насока.

Од здобиениот удар момчето се здобило со телесни повреди при што со визило на Итна медицинска помош е префрлено на Ургентен центар, а од таму поради скршеници на ногата е задржано на лекување во кумановската болница, потврдуваат од Одделението за хирургија.

Возачот на автомобилот „Сеат Толедо“ се дал во бегство, а од полицијата работат на расчиствување на случајот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.