Максим Димитриевски: Нашата цел е да направиме обединување на Македонскиот народ и зближување на сите етнички заедници

Сподели со своите пријатели

„Нашата цел не е да владееме, нашата првична цел е да направиме обединување на Македонскиот народ и зближување на сите етнички заедници во државата по принцип на заемно почитување, но притоа да се избегнат минималните фрустрации кај секој од етничките заедници дека една во однос на другата има помали права. Тоа е целта на движењето“. Ова синоќа го потенцираше градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Loading...

Димитриевски информираше дека при отворањето на штабот за локалните избори, шефот на штаб бил поранешен шеф на штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а заменик шеф на штаб бил поранешен шеф на штаб на СДСМ и поради политика без разлика што се први братучеди не разговарале 15 години, а сега се обединиле во концептот „За наше Куманово“.

„Тоа е нашата цел, да ги обединиме граѓаните, бидејќи конечната цел на ова здружение, покрај останатите економски, енергетски и сите останати мерки за реален развој на државата првенствено е дека еден ден ние како политичка елита, без разлика кој и да е ќе седне на маса заедно со останатите политички чинители и потпише еден стратешки документ првенствено за Македонците, за Македонската нација како основоположник на оваа држава што ќе се дефинираат црвени линии. Тоа е нешто што требаше можеби елитата во 90тите години да го стави на маса и ние денеска немаше да зборуваме ниту за француски предлог, ниту за било какви меѓудржавни договори кои ќе се косат со тој стратешки документ на државата, а на тоа да дадат потврда секако и останатите граѓани кои доаѓаат од етничките заедници, бидејќи ние сме тука, мора да живееме заедно ако сакаме да живееме заедно ние мора да се подржуваме взаемно, а не она што го прави Османи во одредени моменти. Се поставува прашањето, дали доколку се работеше за Албанските интереси ќе имаше такви ставови какви што ги имаше во изминатиот временски период. Добивам чувство дека е многу повеќе министер за надворешни работи на Албанија и на Косово, отколку што е министер за надворешни работи на Македонија. Мене лично, прво како граѓанин ме фрустрира, бидејќи тоа е и мој министер за надворешни работи, не е дозволиво такво однесување“, истакна Димитриевски.

Димитриевски спомена дека сè уште во душа и срце е социјалдемократ, а неговото делување е заедно со граѓаните и затоа смета дека неговата поранешна партија стои во погрешна насока, по грешка на претходниот и актуелниот лидершип на партијата, а по насока на делување.

„Има едно правило, проблемите ги имало и ќе ги има. Наше обврска е да ги решиме во што поголем број. Но, секој којшто се одалечил во политиката од народот, секогаш на крајот доживеал фијаско. Тоа ќе се случи и на оваа актуелна власт. И сите идни власти кои ќе се однесуваат така кон сопствените граѓани многу повеќе ќе мислат за самите себеси, а многу помалку за граѓаните затоа треба да се напише една лектира со која ќе владеат сите идни политички елити, а времето ќе покаже кој од нас, колку искрени ставови имал кон граѓаните и ќе излезе да ја добие поддршката“, рече Димитриевски.