Макрон: Војната во Украина е проблем и за азиско-пацифичките земји

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон во Бангкок ги повика азиско-пацифичките земји да се приклучат на „растечкиот консензус“ против војната во Украина, нагласувајќи дека војната е и „нив проблем“.

Loading...

„Приоритет број еден на Франција е да придонесе за мирот во Украина и да се обиде да создаде глобална динамика за притисок врз Русија“, рече Макрон на самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Макрон рече дека Франција сака многу блиска соработка со различни земји како Кина, Индија, земјите од Блискиот Исток, Африка, Латинска Америка, со цел да се создаде растечки консензус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Според него, тие земји треба да кажат и дека војната во Украина е и нивен проблем бидејќи создава дестабилизација.

„Помогнете ни да испратиме порака до Русија – прекинете ја војната, почитувајте го меѓународниот поредок, вратете се на (преговарачка) маса“, додаде Макрон.

Самитот на АПЕК започна денеска во Бангкок во светло на војната во Украина и лансирањето на балистички ракети од страна на Северна Кореја.

Тоа е прва средба во живо на лидерите на АПЕК од 2018 година.

Непосредно пред почетокот на самитот, Пјонгјанг лансираше уште една ракета, за која се верува дека паднала во морето во ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.