Макрон најави референдум за вклучување на борбата против климатските промени во Уставот на државата

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе се одржи референдум за ревизија на Уставот со цел вклучување во него на борбата против климатските промени и зачувување на животната средина.

Loading...

Во обраќање  на Граѓанскиот совет за клима, Макрон рече дека е подготвен во членот 1 од Уставот да ги вклучи спомнувањето на биодиверзитетот, животната средина и борбата против климатските промени.

– Тоа ќе се најде на референдум, нагласи Макрон.

За да се одржи референдум во Франција, мора да има договор меѓу Долниот и Горниот дом на Парламентот.

Златко Шумковски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *