Макрон ја помести најавената посета на Украина за март

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон планира посета на Украина во средината на март, соопшти вечерва неговата придружба, додека руските социјални мрежи шират гласини за наводно планиран напад врз Макрон за време на посетата.

Loading...

„Никогаш немаше безбедносни прашања во распоредот на посетата на Макрон. Тоа прашање никогаш не беше ниту поставено“, изјави за France Presse извор близок до опкружувањето на Макрон.

Според видеото кое и се припишува на телевизијата Франс 24, кое беше емитувано на руските мрежи, но беше прогласено за „дезинформација“ од француската телевизија, Макрон го откажал патувањето во Украина откако наводно „француските тајни служби“ откриле „план за атентат“ против него.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега втор човек во Советот за безбедност на Русија, се пошегува на сметка на посетата што Емануел Макрон прво ја најави за февруари, а потоа и за средината на март.

„Изгледа дека Макрон беше толку исплашен од вистински или замислен план за атентат што го откажа своето патување“, рече Медведев во реткото и директно обвинување против западен лидер.

Во петокот, Макрон пред својот украински колега Володимир Зеленски, кој дојде да го потпише билатералниот безбедносен договор во Париз, најави дека ќе ја посети Украина во средината на март.

Претходно во јануари Макрон зборуваше за тоа патување, а потоа го спомена февруари како време на посетата.

Францускиот претседател потоа ја осуди руската „промена во однесувањето“ кон Европејците и повика на колективен одговор на таа промена.

Loading...

Макрон го осуди зајакнувањето на дезинформациите и хакерските напади.

Односите меѓу Париз и Москва се особено затегнати од јануари, поради руските обвинувања за зголемената „вклученост“ на Париз во конфликтот во Украина и смртта на двајца француски хуманитарни работници во руски напад во јужна Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.