Макрон е новата Меркел во Европа

Сподели со своите пријатели

Долги низ години Ангела Меркел е „првата виолина“ на Европа. И тоа никој не го доведуваше во прашање. Откако Доандл Трамп победи на изборите во САД, неколку весници на англиски јазик Меркел ја нарекоа „лидерка на слободниот свет“.

Но, тоа важеше до пред неколку месеци. По германските парламентарни избори одржани во септември, Ангела Меркел и нејзината Христијанско-демократска унија мораа да го прифатат фактот дека изгубија голем број гласови. На Меркел не и тргна од рака да формира нова влада.

На другата страна, Емануел Макрон, новата ѕвезда на политичкото небо. Млад, харизматичен, Макрон од претседателските избори излезе како победник. Противник му беше десно-популистичката Марин Лепен. Освен тоа му тргна од рака и покрај големиот отпор, го реформираше пазарот на трудот во Франција. Останатиот дел од работата го сработија добри економски податоци.

Првобитно лошата популарност сега е во подем. Во анкетите спроведени во декември за 40. роденден на Макрон, поголемиот дел од Французите го оцениле како добар претседател. Изгледа дека Франција, земјата која долго се сомневаше во себе, со Макрон стана посамоуверена.

Бидејќи на внатрешнополитичкиот план ја има поддршката, Макрон самодоверливо владее и на меѓународната сцена, прекрасна вечера со Трамп на Ајфеловата кула и прием на рускиот претседател Владимир Путин во Елисејската палата, меѓународна конференција за климата, иницијатива за политика кон Африка, а сега и посета на турскиот претседател Ердоган.

Меѓутоа, Макрон истовремено и делумно, прилично јасно се одалечува од европската „партнерка од соништата“. Ангела Меркел. Кога станува збор за Ердоган, додека Меркел во септември во предизворната кампања се залагаше за прекинување на пристапните преговори на ЕУ со Анкара, поради кршење на човековите права, Макрон оценува дека Турција е партнер кој е неопходен.

Меркел и Макрон се разликуваат и во односот кон тешките партнери: Меркел со Трамп, Путин и Ердоган секогаш бара можност за разговор. Во тие разговори е кореткна, но во протоколите по разговорите може да се забележи колку е големата дистанцата меѓу нив. Од друга страна,а Макрон се обидува да импресионира со крупни работи. Неговото ракување со Трамп скоро сигурно прерасна во мал скандал – Макрон едноставно не ја пушташе раката на Трамп.

Америакнскиот магазин „Тајм“ кој Меркел неодамна ја нарече „Госпоѓа Европа“, Макрон сега го нарекува „Следен лидер на Европа. Меѓутоа, Макрон, според сопствените наводи, воопшто не тежнее кон таква соло улога. Помеѓу другото, изјавил дека сака да ја обнови Европа заедно со Германија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.