Македонскиот фудбалер Александар Пандовски им подлегна на повредите

Сподели со своите пријатели

Фудбалерот Александар Пандовски почина утрово на одделението КАРИЛ во Скопје, од последици здобиени по сообраќајната незгода која се случи на 3 август, кога тој со својот татко,  со автомобил марка Голф излетаа од патот на излезот од Скопје, удирајќи најпрвин во столб, а потоа и во дел од пумпите на Бензинската пума во населба Маџари.

Loading...

11846615_10204398197690272_6756848523553563228_n

 

Пандовски по несреќата беше заглавен во автомобилот, и за неговото извлекување помогнале и противпожарни екипи. Кога бил примен во болница, состојбата му била исклучително тешка, по што, по неколкудневна кома, Пандовски денес им подлегна на повредите.

11219517_10204398198130283_828767386724664123_n

 

Александар Пандовски својата кариера ја започна како младинец на ФК Вардар, минувајќи ги младинските категории на најтрофејниот фудбалски колектив. Тој мина извесно време и во Работнички, а последните неколку сезони ги мина во дресот на Еуромилк.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.