Македонски и српски службеници ќе вршат контроли на желеничкиот премин Табановце – Прешево

Loading...
Сподели со своите пријатели

Со формирање на заедничка зона каде службен персонал заеднички ќе ги извршува своите обврски се очекува да го намали времето потребно за премин на стока и патници преку железничиот граничен премин Табановце – Прешево.

Целта е да дојде до скратување на времето потребно за патување преку Коридорот 10. Ова се очекува да биде постигнато по ратификувањето на Спогодбата помеѓу Владите на Македонија и на Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце-Прешево, која денеска беше изгласана на собраниската Комисија за надворешна политика.

Претставникот на Министерството за транспорт и врски посочи дека речиси 80 до 90 отсто од граничниот железнички сообраќај се одвива преку овој премин.