Македонија во февруари ќе ги добие првите 5.850 вакцини од „Фајзер“

Сподели со своите пријатели

Република Северна Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид-19, од прозиводителот Фајзер од кои првите 5.850 дози ќе пристигнат во февруари, информира Министерството за здравство.

Loading...

-Министерот за здравство д-р Венко Филипче,  во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против Ковид-19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруари, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, соопшти утрово Министерството за здравство.

Нашата земја, се додава во соопштението, навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид-19 и постојната функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.

Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени Целзиусови, а таквите фрижидери во нашата земја ќе пристигнат месецов.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Валентин Јанковски

Leave a Reply