Македонија се ближи до бројка од 200 000 регистрирани бегалци

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие, на ГП Гевгелија издадени се потврди на вкупно 4.076 странски државјани, при што најбројни се државјаните на Авганистан –2.240, Сирија-1.201,   Ирак – 300, Иран – 191, додека другите се во помал број.

Loading...

Во периодот од 19 јуни до  27 октомври, издадени се потврди на вкупно 182.978 странски државјани, и тоа на државјани од Сирија – 121.849, потоа Авганистан-33.387, Ирак-14.254, Пакистан-4.046, Иран-2.967, Палестина-1.623, Сомалија-943, Бангладеш-881, Конго-471, Нигерија-251, Камерун-222,  Еритреја-207, додека останатите се во помал број.

Во текот на последните 24 часа според МВР, до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 27 октомври, до Одделението  за азил се поднесени вкупно 70 барања  за признавање на право на азил, додека во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 26.10.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи.

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице  со придружба на старател и двајца мажи )  се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.