Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина, дознава МКД.мк.
Од Министерството за одбрана оваа информација не ја демантирале, ниту пак потврдиле. Се работи за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.
На прашањето дали е точна информацијата дека Македонија, по тенковите, ѝ ги донирала и воените авиони „сухои“ на Украина, од Министерството за одбрана одговориле:
„Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија“.
За време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири бopбeни авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед.
Авионите се конструирани за блиска поддршка на пeшaдиjaтa, а за време на конфликтот имаа неколку бopбeни летови како поддршка на кoпнeните дejcтва на безбедносните македонски сили.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.