Македонците потрошиле пола милијарда евра оналјн. Каде најмногу купуваат?

Сподели со своите пријатели

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025, согласно кои може да се забележи дека Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427.8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12.4  милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авио-билети и резервации на хотели).

Во однос на 2024 година, Македонците потрошиле 50% повеќе во вредност, додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 69%. Просечната трансакција изнесува 34 евра и е помала за 11% во однос на минатата година.

При тоа, 74% од вредноста и 83% од бројот на направените трансакции се во Ирска, Холандија, Обединето Кралство, САД, Унгарија, Германија, Кипар и Луксембург.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  24 милијарди евра и бројката продолжува да расте: Европа ги брои трошоците од уште една енергетска криза

Македонците оствариле најголема вредност на е-трансакции во Ирска, во износ од 92.1 милиони евра, со пораст од 173% во однос на минатата година, додека во Холандија е остварена вредност од 62.4 милиони евра и пораст од 49% во однос на минатата година.

 

 

 

Во Ирска е направен и најголем број односно 4.8 милиони е-трансакции од страна на Македонците, а потоа 2.1 милиони во САД, додека најголем годишен пораст на бројот на е-трансакциите во 2025 година е забележан во Германија скоро 650%, а во Кипар  263%.

Пад е забележан во Луксембург на бројот на е-трансакциите од скоро 50% и во Обединетото Кралство од скоро 9%.

 

 

Највисока просечна вредност на е-трансакција Македонците оствариле во Унгарија од 152.2 евра, иако помалку од лани за 2.1%, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција и истата изнесува 14.1 евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дружба“ повторно во слубжа: Започна испораката на нафта преку цевководот до Словачка

Во 2025 година се забележува драсатичен пад на просечната трансакција во Германија од скоро 70% која минатата година беше највисока и изнесуваше 214.2 евра.

 

 

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, д-р Нина Ангеловска Станков ги коментираше овие податоци и што тие покажуваат.

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, д-р Нина Ангеловска Станков, оценува дека податоците откриваат не само раст на прекуграничната е-трговија, туку и „значајна промена во структурата на вредноста и бројот на е-трансакции по земји“, што во голема мера зависи од тоа каде глобалните платформи ги имаат своите европски седишта и платежни центри.

Таа посочува дека Ирска има водечка улога, пред сè поради присуството на компании како „Amazon“, „Google“, „Meta“ и „Apple“, како и поради тоа што таму се процесираат плаќањата за платформи како „Temu“ и бројни дигитални услуги. Веднаш зад неа е Холандија, која како важен е-commerce и логистички хаб, со седиште на „Booking.com“, има силна позиција особено во сегментот на патувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трка во вооружување: Американските ИТ гиганти се главните профитери во ЕУ

Според Ангеловска Станков, значајно учество имаат и САД, „што е очекувано имајќи предвид дека таму се седиштата на дел од најголемите глобални платформи“, додека Обединетото Кралство останува релевантен пазар поради развиената онлајн трговија. Таа додава дека растот кај земји како Кипар укажува на сè поголемата улога на финтек компаниите и платежните посредници, додека промените кај Луксембург значат прераспределба, а не пад на трансакциите.

„Овие трендови потврдуваат дека географската распределба на онлајн купувањето сè повеќе ја следи структурата на глобалната дигитална економија“, истакнува таа, додавајќи дека земјата каде се евидентира трансакцијата не мора да ја одразува реалната локација на производот или услугата.

За македонските потрошувачи, ова носи поголем избор и достапност, но и „зголемен одлив на средства кон странски платформи“.