Ердоган: Војната во Иран почнува да ја ослабува Европа

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека војната во Иран почнува да ја „слабее Европа“.

Вчера, Ердоган и Штајнмаер разговараа по телефон за односите меѓу Турција и Германија, како и за војните во Иран и Украина, објави канцеларијата на турскиот претседател на социјалните мрежи.

„Претседателот Ердоган рече дека војната во регионот почнала да ја ослабува и Европа“, се наведува во соопштението.

Како што објави Би-Би-Си, Ердоган, исто така, предупреди дека „штетата од периодот на конфликт ќе биде многу поголема“ ако конфликтот не се реши мирно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Америка: Вративме 31 брод во блокадата на Хормуз