Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, денес изјави дека западните земји вежбаат сценарија за поморска блокада и окупација на регионот Калининград за време на воените вежби на Здружените експедициски сили (ЗЕС).
„НАТО свесно го следи патот на зајакнување на конфронтацијата во овој дел од Европа… Активноста на Здружените експедициски сили, предводени од Велика Британија, чија задача е брзо да реагираат во регионите на Далечниот Север, Северниот Атлантик и Балтичкото Море, расте“, рече тој во интервју за РИА Новости.
Во јануари, поранешниот заменик-министер за надворешни работи на Литванија, Дариус Јургељавичиус, изјави дека алијансата има подготвено сценарио за блокада на Калининград во случај на директен конфликт со Москва.
Во текот на минатото лето, командантот на копнените сили на НАТО, генерал Кристофер Донахју, го изјави истото, наведувајќи дека земјите од алијансата планирале брзо да го неутрализираат одбранбениот потенцијал на руските сили.
Рускиот претседател Владимир Путин постојано предупредува дека евентуалната блокада на Калининградската област би довело до невидена ескалација, пренесува Танјуг.

