Мајката телото на синот го покрива со лажни тетоважи, луѓето jа напаѓаат дека одгледува насилник (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Шамекија Морис, модна дизајнерка од Флорида, првпат ставила привремена тетоважа на нејзиниот син Трејла кога тој имал шест месеци. Толку и се допаднале што денес често го покрива со тетоважи од глава до пети и објавува негови фотографии на социјалните мрежи. Иако тетоважите не се вистински, многумина ја осудуваат и ја нарекуваат лоша мајка”

Loading...

 

 

“Добивам многу негативни реакции. Луѓето велат дека го воспитувам мојот син како гангстер и насилник. Тие не се навикнати да гледаат бебе со тетоважи”, изјави таа на неодамнешното интервју.

А таа почнала да добива реакции на интернет уште пред да го роди синот, кога направила фотосесија за време на бременост во салон за тетовирање и ги покажала своите тетоважи.

 

Loading...

 

“Бев во осми месец бременост. Објавував фотографии и луѓето почнаа да ме напаѓаат. Сите коментари беа негативни. Ми рекоа дека моето бебе ќе се роди покриено со тетоважи”, се присетува таа.

Потоа почнала да му става лажни тетоважи на синот, па дури и негативни коментари кои, признава, ја повредиле, нема да ја спречат.

 

 

„Не ми е грижа што луѓето ме осудуваат затоа што ова е начин на живот во кој уживаме. Од вас зависи дали ќе оцените некого врз основа на фотографија или видео на социјалните мрежи“, рече Шамекија.