Мајка открива какво влијание имал ТикТок врз нејзината ќерка по само седум дена!

Сподели со своите пријатели

Мајката Аника попуштила под притисокот и дозволила на својата десетгодишна ќерка да создаде профил на социјалната мрежа ТикТок.

Loading...

Девојчето навистина сакало да биде како нејзините врсници, па Аника решила да ја задоволи нејзината желба.

Стампедо во Србија поради атрактивна ТикТок ѕвезда (ВИДЕО)

Мајката од Австралија признава дека прво се двоумела, но кога се уверила дека пријателите на нејзината ќерка се корисници на таа социјална мрежа, и дозволила да создаде профил убедена дека тоа не може да и наштети.

Таа сега откри за News.co.au какво влијание имало ова врз девојчето.

„Бев шокирана. За седум дена, таа се расплака за време на вечерата затоа што не беше доволно добра – како девојките на ТикТок”, рече Аника.

Бизарен предизвик на „ТикТок“: Луѓето фрлаат деца како топки (ВИДЕО)

После ваквиот испад, таа и забранила на својата ќерка да користи ТикТок.

Loading...

„Сфатив дека таа е чувствителна и дека тоа ќе влијае на неа во иднина. Не знаев многу за ТикТок порано, но за време на пандемијата многу родители станаа поблаги. Со години ја држев ќерка ми далеку од екранот, но сега е вистинска битка затоа што таа поминува повеќе време дома“, додава Аника.

Психологот др. Ендру Фулер вели дека социјалните медиуми можат да имаат негативен ефект врз некои деца, најмногу поради коментарите што можат да ги прочитаат и слушнат за себе.

Мажите ги глумат своите сопруги: Урнебесен предизвик на ТикТок (ВИДЕО)

„Ако децата се на возраст под 13 години, потребна е претпазливост затоа што на таа возраст е невозможно да се проценат работи како што е зрелоста. За помладите тинејџери е многу важно како изгледаат, како зборуваат, дали се слаби и убави, а во исто време веруваат во сè што слушаат за себе. Тие можат да создадат многу негативна слика за себе“, заклучува др. Фулер.

Leave a Reply