Мајка и син родени без раце: Ретката генетска состојба не им пречи во животот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Линда Бенон и нејзиниот син Тими од Илиноис страдаат од ретка здравствена состојба, поради што се родени без раце.

Loading...

Синдромот Холт-Орам им ги одзел горните екстремитети, но не и желбата и волјата да им го исполнат животот со спомени, љубов, разбирање и радост.

Овој синдром, кој исто така може да предизвика проблеми со срцето, не ја спречило Линда (35) во плановите што ги има секој возрасен човек, а таа ја споделила приказната за попреченоста и нејзиното семејство за „Born difrent“.

 

 

– Да се биде роден без раце, од моја перспектива, не влијаеше премногу на мојот живот. Тоа ме охрабри да живеам живот поинаков од оној што го водат други луѓе – вели Линда.

Во 2003 година го запознала својот иден сопруг Ричард и кога останала бремена, лекарите ја предупредиле дека детето може да ја наследи состојбата со која ѝ била дијагностицирана.

Loading...

– Кога отидовме на прегледите што се прават за време на бременоста и дознавме дека ја има таа можност, тие ни понудија да ја прекинеме бременоста, но ние никогаш не ја разгледавме таа опција. Сакавме да го прошириме семејството и да имаме бебе – сведочеше Линда.

 

 

Така се родил Тими, исто така без раце, а проблемите со срцето барале операција кога имал само 10 дена. Првите два месеци од животот ги поминал на одделот за интензивна нега и по неколку месеци конечно бил подготвен да ја напушти болницата.

Дуото инсистирало на тоа дека нивните недостатоци нема да ги спречат, без разлика дали се работи за готвење, облекување, играње видео игри, но и одење на базен.

– Морам да и помогнам во бањата, а за другите работи во кои ѝ помагам, таа може да ги направи самата. Едноставно, сакам да бидам нивните прсти и да бидам тука за нив, дури и ако нема потреба од тоа – вели Ричард.

На училиште, Тими се третира како и секој друг ученик.

Loading...

 

 

– Тоа е дел од неговата личност, да се сложува добро со сите во класот. Го прифатија, играат и мислам дека децата не препознаваат дека Тими е дете со посебни потреби – вели директорот на училиштето.

Заедно со зафатениот распоред на спортски активности на Тими, Линда работи во градинка и се обидува да им помогне на луѓето со иста состојба.

– Почнав да посетувам часови поврзани со водење бизнис и сакам да основам непрофитна организација, да им помагам на семејствата на децата, кои се слични на мојот син и мене. Мојата најголема грижа е што Тими нема да го најде тоа партнерство и поддршка што ги имам од мојот сопруг утре. За мене беше важно да имам личност што ги замени моите родители, кога тие го напуштија овој свет, да ми помогне во сè и да го работам она што го направија – заклучува мајката.

 

Loading...

Leave a Reply