Мајка беше пречекана со лута порака од соседите: ‘Спуштете ги ролетните, можеме да го видиме вашиот задник’

Сподели со своите пријатели

Таа тврди дека прво била изненадена од пораката, а потоа и лута. Откако ја објави таа порака на социјалните мрежи, таа доби еден куп коментари за поддршка.

Loading...

Британката Алекс Тејлор вчераутро открила порака под бришачот на шофершајбната на автомобилoт во кој еден од соседите и рекол да ги спушти ролетните затоа што го гледал нејзиниот задник.

Мајка на две деца рекла дека носела гаќички и маица кога ја заклучила вратата и ги исклучила светлата околу куќата пред да легне, што очигледно го видел нејзиниот неименуван сосед. – Ние навистина би го ценеле тоа ако можете да ги спуштите ролетните кога голи шетате низ вашата куќа.

 

 

Моите деца не сакаат или не треба да го гледаат вашиот задник. Пред се, благодарам,вашите соседи – се наведува во пораката, пренесува Мирор.

– Ова е најбизарното нешто што ми се случило некогаш. Не можам да престанам да размислувам за тоа. Не шетав гола. Носев маица и француски гаќички, кои ми го покриваат голем дел од задникот – рече таа. „Тие се среќни што ме гледаат со толку многу облека“, додаде таа, истакнувајќи дека се чувствува крајно пријатно во својата кожа и нема проблем со тоа како изгледа. Таа изјави дека не знае како се воспитани да мислат дека ова е проблем и дека во исто време сметаат дека е во ред да погледнат во туѓ дом и да кажат некому како треба да бидат облечени.

Loading...

 

 

– Буквално ќе чекав да се стемни, ќе ги вклучам сите светла, ќе влезам во секоја соба и ќе го потпирам задникот кон секој прозорец, додека песната „Бебето се врати“ ке се слуша во позадина – и рече една жена. „Очигледно дека имате добар задник, бидејќи нечиј сопруг беше фатен како го гледа“, и ’рече некој друг.

Leave a Reply