Магационер од Кожарскиот комбинат Куманово осомничен за кражба

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово, по претходно поднесени пријави од стечаен управник на „Кожарско преработувачки комбинат(KPK)-Куманово” АД Холдинг во стечај против непознато лице за извршена кражба на кожа и кожни производи од магацинот на фабриката, превзеде оперативно тактички мерки при што постојат сомненија дека сторител на кражбите е Ј.М.(61) од Куманово, претставник на стечајните работници од КПК Куманово.

Loading...

mkd-226814

На Ј.М. му бил доверен клучот од магацинот, а тој во периодот од 2013 година до 2015 година, континуирано, на засега неутврден начин изнесувал различна роба од магацинот со што е причинета материјална штета од околу 3.550.000 денари.

По наредба на основен суд Куманово, во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории на три локации при што со потврда за одземени предмети одземени се разни предмети за кои постои сомнение дека се сопственост на „Кожарско преработувачкиот комбинат Куманово“.

mkd-226816

При претресот пронајдени се повеќе од 100 парчиња машки и женски кожни јакни и бунди, 62 бали разновидна кожа , женски здолништа, женски чанти, кожни елеци, женски и машки пликоа, кожни мантили, паричници, ремени, машини за шиење на кожа, разни делови за машини  и многу други предмети.

mkd-226817

Сите предмети се запечатени, пренесени во магацинот на фабриката и истиот е пломбиран.

Loading...

По целосно расчистување и документирање на настанот против Ј.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

извор: мкд.мк

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.