Мачката висеше од покривот на стадионот, луѓето дадоа се од себе и ја спасија со помош на знаме (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Необична сцена е снимена во саботата за време на фудбалски натпревар на Универзитетот во Мајами. Мачката скитник се лизна на покривот на стадионот Хард Рок по кој се движеше, обидувајќи се да се врати на сигурно, но безуспешно.

Loading...

Луѓето забележаа што се случува и оптегнаа американско знаме под мачката, кое сигурно го ублажи падот во моментот кога падна.

“Издржа некое време. Прво се држеше со двете шепи, потоа само со една”, рекол очевидецот Крег Кромер, кој со својата сопруга Кимберли носи знаме на секој домашен натпревар.

„Ова прв пат ми се случува“, се шегува Кромер.

Толпата ја фати мачката, а снимката од ситуацијата стана вирална на Твитер, каде што има повеќе од десет милиони прегледи.

Мачката помина без повреди.

 

Loading...