МААЕ: Секој што ќе отвори оган врз Запорожје си игра со оган

Сподели со своите пријатели

Директорот на Агенцијата за атомска енергија, Рафаел Гроси, чиј тим експерти денеска ќе провери дали има штета во најголемата европска нуклеарна централа Запорожје, на југот на Украина, изјави дека секој што ќе отвори артилериски оган во таа централа е „играње со оган“.

Loading...

Агенцијата објави дека во текот на викендот одекнале повеќе од десет експлозии во близина на нуклеарната централа, што е вознемирувачко и неприфатливо.

„Кој и да стои зад тоа треба веднаш да застане. Како што сум кажал многу пати, си играте со оган“, рече Гроси.

Запорожје е под руска контрола, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат дека отвориле артилериски оган, наведува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Раководството на електраната тврди дека е забележана штета на некои згради, системи и опрема, но дека ситуацијата не е критична што се однесува до нуклеарната безбедност.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.