МААЕ од утре започнува контрола на нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Тим експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која работи под покровителство на ОН, во среда ќе започне со проверка на нуклеарната централа Запорожје, пишува Гардијан.

Loading...

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, рече дека тимот пристигнал во Киев во понеделникот вечерта.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија ќе ја гарантира безбедноста на мисијата на МААЕ во областите контролирани од руските сили околу нуклеарната централа Запорожје во близина на градот Енергода.

Руската и украинската страна со денови разменуваат обвинувања за гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа, која се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Днепар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Нуклеарната централа е под контрола на руските сили од март, а таму работи украински персонал.

Портпаролот на проруската администрација на регионот Запорожје, Владимир Рогов, тврди дека проектил истрелан од украинските сили во понеделникот продрел во покривот на просторија во специјална зграда во комплексот на нуклеарната централа Запорожје каде што се складира гориво за реакторот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.