МААЕ: Најдовме мини кај нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Персонал на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри мини во окупираната нуклеарна централа Запорожје, изјави вчера шефот на агенцијата Рафаел Гроси.

Loading...

„Експертите на МААЕ забележаа противпешадиски мини на периферијата на локацијата на нуклеарната централа Запорожје“, рече Гроси, додавајќи дека мините биле забележани во неделата.

„Тимот на МААЕ претходно знаеше за поставување мини надвор и внатре во објектот. Ни беше кажано дека ова е воена одлука поврзана со област контролирана од војската. МААЕ ги набљудуваше мините во тампон зоната помеѓу внатрешните и надворешните периметарски бариери на локацијата.

Гроси рече дека поставувањето експлозив на местото на централата не е во согласност со безбедносните стандарди и упатствата на МААЕ за нуклеарна безбедност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Русија и Иран ги избегнуваат санкциите?

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.