Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави денеска дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите-членки на НАТО во конфликтот, додека Белорусија забележува зголемување на провокациите во близина на нејзината граница.

Loading...

„Сите агенции за спроведување на законот забележуваат зголемување на бројот на провокации во близина на државната граница. Украина најверојатно се обидува да искористи каков било изговор за да ги вклучи трупите на земјите-членки на НАТО во конфликтот. Сето ова е потврдено со неодамнешниот пад на ракета на територијата на Полска“, рече Лукашенко на состанокот со воени и безбедносни претставници, пренесе новинската агенција БелТА.

Како што рече, Белорусија е во состојба да го одврати потенцијалниот непријател од употреба на воена сила против земјата.

„Досега успеавме да го одвратиме потенцијалниот непријател да употреби воена сила против Белорусија“, рече Лукашенко.

Тој додаде дека сѐ уште е неопходно постојано да се следат, да се гледаат и да не се пропуштаат знаците кои би укажувале на директна подготовка за агресија против Белорусија.

Тој рече дека западните земји продолжуваат да го зајакнуваат воениот потенцијал на своите вооружени сили, ја модернизираат инфраструктурата на територијата на соседните земји и го зголемуваат интензитетот на оперативните и борбени активности за обука.

„Сето ова води кон ескалација на и онака сложената воено-политичка ситуација околу нашата земја и во регионот во целина“, рече Лукашенко.

Тој исто така рече дека се почесто се слушаат повици од пребегнатата опозиција за преземање на власта со сила и терористички напади на територијата на Белорусија.

Loading...

„Некои од овие бегалци не се само предавници, туку и апсолутни екстремисти. Не можам да ги наречам поинаку. Тие отворено, без срам, повикуваат на удари врз цели на територијата на нашата земја. Дури забораваат дека нивните роднини живеат на територија на Белорусија“, рече претседателот на Белорусија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.