Лукашенко: Русија може да испорача муниција во Белорусија со вистински ураниум

Сподели со своите пријатели

Русија може да и испорача на Белорусија „муниција со вистински ураниум“ доколку Велика Британија и испорача гранати со осиромашен ураниум на Украина, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Loading...

Тој изјави дека западните земји „ако се луди“ ќе му дадат поттик на овој процес, а доколку се однесуваат рационално нема да преземат таков чекор.

Лукашенко предупреди дека ако украинските сили користат гранати со осиромашен ураниум, тоа „нема да остане неказнето“, пренесува РИА Новости.

„Штом оваа муниција експлодира на позициите на руските војници, ќе видите дека одговорот ќе биде ужасен, тоа ќе биде лекција за целата планета“, рече тој.

Белорускиот претседател го повика Западот да ја прекине својата „луда“ политика и да тргне кон мирно решавање на конфликтот во Украина.

Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди вчера изјави дека, покрај тенковите Челинџер 2, Лондон ќе ги снабдува вооружените сили на Украина со муниција, вклучително и оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера по разговорите со кинескиот лидер Си Џинпинг изјави дека плановите на Велика Британија да испорача гранати со осиромашен ураниум на Украина укажуваат на подготвеноста на Западот да се бори против Русија „до последниот Украинец“.

Тој предупреди дека, доколку тоа се случи, Русија ќе биде принудена соодветно да реагира, имајќи предвид, како што наведе, колективниот Запад веќе почнува да користи оружје со нуклеарни компоненти.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.