Лукашенко: Нема да испратам војска во Украина, тоа не би решило ништо

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во четвртокот вечерта изјави дека нема да испрати своја војска на територијата на Украина, бидејќи тоа нема да реши ништо.

Loading...

Лукашенко им порача на белоруските новинари дека нема да ја воведе својата војска во Украина, бидејќи нема потреба од тоа.

Тој истакна дека во моментов може да активира од 35.000 до 40.000 војници на тој простор, но дека тоа нема да го реши проблемот.

Тој исто така рече дека САД не сакаат мировни преговори поврзани со ситуацијата во Украина и дека Американците се плашат само од нуклеарен конфликт.

Според него, САД владеат со Полска и се плашат само од нуклеарно оружје, чија употреба, како што тврди, во голема мера би ја ескалирала ситуацијата.

Тој исто така нагласи дека треба да се преговара разумно, односно да се зборува за постигнување мир.

Пред извесно време тој посочи дека раководството на Украина треба да преземе чекори за завршување на војната, доколку не сака уништување на земјата и смрт на огромен број луѓе.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...