Лукашенко: Го предупредив Пригожин дека му се заканува обид за убиство

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека го предупредил шефот на паравоената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин дека му се заканува обид за атентат.

Loading...

„Последниот пат кога полетавме за Емиратите, добив многу сериозни информации за обидот за атентат врз Евгениј Пригожин. За два часа го најдоа рускиот амбасадор во Емиратите и го поканија кај мене“, изјави Лукашенко, пренесува агенцијата Белта.

Како што вели, на рускиот амбасадор му пренел шифрирана порака што ја испратил до Кремљ до Владимир Путин и шефот на ФСБ Александар Бортников „за обидот за атентат врз Пригожин“.

Тој додаде дека по извесно време шефот на „Вагнер“ му потврдил дека претседателот на Русија го предупредил за претстојниот обид за атентат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски вели дека не загинале 80.000 Украинци, туку многу помалку

Лукашенко посочи дека белоруската страна на своја територија исполнила се што му ветила на „Вагнер“ и „повеќе од тоа“.

„Вчера по моја наредба беа контактирани од КГБ, а од мене добија само една порака: Ќе исполниме се што договоривме јас и Пригожин“, изјавил белорускиот претседател, пренесе Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.