Луиза Винтон донираше транспортно возило за ЈП „Чистота и зеленило“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Луиза Винтон, која годинава беше прогласена за почесен граѓанин на општина Куманово во име на Обединетите нации донираше превозно средство на општината.

Loading...

DSC_0001

Возилото „Фиат дукато“ кое е полу транспортно – полу товарно општината го предава на употреба на ЈП „Чистота и зеленило“, а донацијата е резултат на активната помош на Обединетите нации за справување на општина Куманово со мигрантстката криза.

DSC_0002

Постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП и УНФПА за Република Македонија, Луиза Винтон вели дека откако е прогласена за почесен граѓанин на Куманово градот го чувствува како втор дом и и претставува чест да помогне со една ваква донација.

Денеска Обединетите нации го одбележуваат „вторник кога се дарува“ и целта на овој ден е сите да се вклучат во поддршка на заедницата со дарувањето. Драго ми е што овој ден го одбележуваме во Куманово со донација на овој мини камион како подршка на градот – вели Винтон.

 

 

Loading...

Возилото е донирано на општината која без никаква надокнада го предава во сопственост на ЈП „Чистота и зеленило“, а во тек е постапка за регистрација на истото.

DSC_0010

Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека оваа претпријатие е едно од главните фактори во бегалската криза и сервисирање на бегалските кампови заедно со ЈП „Водовод“ кои вршат сервисирање на комуналните дејности во бегалскиот камп.

Во наредниот период очекуваме уште неколку донации, пред се од јапонската влада, од Европската комисија, имаме најава по распределба на фондот на парите да добиеме конкретни машини, камиони, садови за смет, прочиствување на отпадните води и она што е потребно за тековно одржување на повисоки здравствени стандарди во овој бегалски камп – изјави Дамјановски.

 

 

Инаку возилото „Фиат дукато“ има вредност од околу 20 илјади долари. Луиза Винтон кога беше прогласена за почесен граѓанин освен оваа донација, најави 200 илјади евра помош за активно вклучување на младите во општествениот живот, како и друга помош за справување на општината со бегалската криза.