Луѓе кои биле во кома откриваат како тоа изгледа: Не е како на филм!

Сподели со своите пријатели

Луѓето кои се разбудиле од кома опишале какво е чувството да се вратиш и да откриеш дека работите не изгледаат како во филмовите.

Loading...

Некои луѓе на социјалната мрежа Редит опишаа како всушност изгледа да се вратиш и да се разбудиш од „длабок сон“.

– Немав поим каде сум. Немав поим што се случи… Финансиите ми беа во целосен хаос, се насобраа огромни долгови и казни. Ми требаа 18 месеци да најдам работа, а потоа многу повеќе време да им објаснам на сите дека сум бил во кома… И тогаш пристигна Ковид-19 – напишал еден корисник.

Сериозни психички проблеми

– Тоа беше финансиски кошмар за мене, мислам дека никогаш нема да се опоравам. За нас нема простување долгови. Неодамна, тотално се исплашив кога ми се јави банкарски службеник за долг. Му врескав: „Мислиш дека планирав да бидам во кома!? Кој дел од реченицата немам пари не ја разбираш!“

„За среќа добив социјална помош, но таа сума не е ни блиску до она што го заработував“ – додаде друг.

Не е како во филмовите

– Приказот на Холивуд за будење од кома е шокантно погрешен. Бев навистина шокиран кога мојот пријател се разбуди од кома по еден месец и мораше да го направи тоа одново“, рече тој.

Губење на меморијата, заматен вид и отежнато движење

– Конечно се сетив да носам наочари. Не можев да ги ставам на лице или да ги извадам бидејќи ме болат рацете и тие движења беа страшно исцрпувачки за мене – открил еден од корисниците.