Луфтханза откажа над 800 летови

Сподели со своите пријатели

Репрезентативниот синдикат кој ги претставува пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза најави штрајк за денеска откако раководството ги отфрли барањата за зголемување на платите.

Loading...

Синдикатот на летачкиот екипаж ја обвини Луфтханза дека не ја подобрила претходната понуда, „не оставајќи им на пилотите друг избор освен да штрајкуваат за да ги исполнат нивните барања“, пренесува АП.

Компанијата соопшти дека понудила линеарно зголемување од 900 евра, што претставува зголемување од пет отсто за постарите пилоти и зголемување од 18 отсто за оние кои штотуку ја започнале својата летечка кариера.

Синдикатот побара покачување од 5,5 отсто оваа година и автоматско зголемување на платите прилагодено според инфлацијата во 2023 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Покрај тоа, пилотите бараат нов систем за плати и одмор за кој авиокомпанијата рече дека ќе ги зголеми трошоците за вработените за околу 40 отсто или за околу 900 милиони евра за две години.

Поради најавениот штрајк на пилотите, Луфтханза ги откажува сите денешни патнички и карго летови од двата најголеми центри Франкфурт и Минхен.

Станува збор за 800 летови, а откажувањето ќе влијае на многу патници кои се враќаат по летниот одмор.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...