Лондон ја поддржува кандидатурата на Марк Руте за нов шеф на НАТО

Сподели со своите пријатели

Велика Британија денеска му даде поддршка на холандскиот премиер Марк Руте да го наследи Јенс Столтенберг на чело на НАТО, што е важна поддршка за Руте, кој важи за фаворит за оваа функција.

Loading...

„Руте е високо почитуван во Алијансата, има сериозни одбранбени и безбедносни ингеренции и ќе се погрижи Алијансата да остане силна и подготвена да обезбеди одбрана и одвраќање“, рече еден британски владин претставник кој не сакаше да биде именуван.

На досегашниот генерален секретар на Атлантската алијанса, Јенс Столтенберг, минатата година му беше продолжен мандатот за дополнителна година, а кога ќе му истече последниот мандат, тој ќе биде на чело на организацијата десет години.

Марк Руте, либералниот холандски премиер од 2010 година, ја објави својата намера да ја напушти холандската политичка сцена, но остана на својата функција во очекување на формирање на нова влада.

Преговорите за нова влада се во застој по изборите во ноември, на кои победи екстремната десница.

Честиот учесник на европските средби, Марк Руте (57) успеал да воспостави врски со бројни лидери, пишува Франс прес.

Уште една од неговите силни страни е што го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп, чие евентуално враќање во Белата куќа по изборите во САД оваа година ѝ тежи на Алијансата во Брисел.

Руте не се двоумеше јавно да му се спротивстави при една посета на Белата куќа.

Loading...

Друг критериум на НАТО е земјата на потекло на кандидатот да биде доволно ангажирана во областа на одбраната.

Земјите членки на НАТО се обврзаа да издвојат два отсто од својот БДП за одбраната, што е цел што Холандија е многу блиску до постигнување, пред се благодарение на работата на Руте.

Дипломатите на НАТО велат дека би било неопходно Алијансата да се појави посветена на ова прашање во случај Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Трамп постојано ги повикува сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана, под закана дека САД ќе ги намалат своите или дури и ќе ја напуштат Алијансата.

Застапниците Холанѓанецот да стане шеф на НАТО, исто така, велат дека Руте е свесен за заканата од Русија, бидејќи ја менаџирал кризата предизвикана од лансирањето на проектилот што собори патнички авион над Украина во 2014 година, кога загинаа 197 холандски државјани.

Според меѓународната истрага, ракетата била руска, додека Русите негираат.

Според изјавите на двајца високи функционери, Рута обезбедил поддршка од две третини од земјите на НАТО за да го предводи тој воен сојуз подоцна оваа година, објави вчера порталот Политико.