Вини Марфи редовно објавува разни совети за фитнес, вежби и рецепти за здрава храна на TikTok под корисничкото име @vinniemurphy1, но неодамна тој си постави предизвик сосема спротивен од вообичаениот стил – да потроши дури 10.000 калории за еден ден.
Вини денот го започна со каша од 200 грама овошје, намаз од чоколадо и чоколаден пијалак, по што изеде три печива. Тоа му донесе вкупно 1.939 калории пред 7:20 часот наутро – што, според препораките на NHS, е скоро целиот ден потребен внес за просечна жена.
После тој обилен појадок, тој се упати кон Мекдоналдс каде нарача два двојни сендвичи Мекмафин со јајца и колбаси и палачинки со прелив – вкупно 1.785 калории.
@vinniemurphy1Part 2 is on my page #gym #fitness #food #calories #trending #fyp♬ original sound – Vinnie
– Во моментов, не се чувствувам лошо, но долг е денот… – прокоментира Вини и се упати кон продавницата каде што купи уште пет колачи со прелив од бело чоколадо, со калориска вредност 995 kcal.
Со вкупно 4.719 калории, момчето конечно признава дека веќе не е „енергичен како и обично“, но предизвикот оди понатаму…
За ручек, тој пржеше пилешки медалјони и помфрит, а сето тоа го прели со сос за скара, што му донесе на вкупно 5.960 килокалории.
По пилешкото, секако, требаше да јаде десерт, па тој на оброкот додава три чоколади и вреќа со чоколадни велигденски јајца, а потоа и чаша сладолед.
@vinniemurphy1Reply to @phoebew00000 let me know what other vids you wanna see #gym #fitness #calories #food #weightloss #fyp
– Дојдов до 8.500 калории. Искрено, ако јадам уште еден залак од која било храна, ќе повраќам – призна тој во своето видео, кое набрзина собра повеќе од 77.000 лајкови и стотици коментари.
Додека некој го праша во коментарите колку килограми тежи по предизвикот, Вини рече дека ден пред предизвикот имал 78 кг, а потоа застанал на вагата која покажала – 80,2 кг.
– Знам дека има многу за еден ден, но тоа е тежината на самата храна, ќе исчезне за неколку дена – рече тој, пренесува Мирор.