Липково единствена општина со позитивен природен прираст во Североистокот

Сподели со своите пријатели

Липково е единствената општина од Североисточниот регион која има позитивен природен прираст, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст на Липково изнесува 33, а најголем негативен природен прираст има Општина Куманово, односно -38.

Во Куманово биле родени 260 деца, починале 298 лица, меѓу кои и едно доенче. Биле склучени 103 бракови, а забележани се и 24 разводи.

Во Општина Липково биле родени 90 деца, починале 57, меѓу кои и 2 доенчиња. Склучени и 90 бракови, а регистрирани се 3 разводи.

 

Loading...

 

Негативен прираст бележи и руралната општина Старо Нагоричане, каде биле родени 13 деца, а бројот на починати изнесува 20. Склучен е еден нов брак, а разводи нема.

Во Крива Паланка се родени 28 деца, а починале 54 лица, со што и оваа општина е на листата со негативен природен прираст. Склучени се 14 нови бракови, а регистрирани дури 13 разводи.

Кратово е побогато за 15 деца. Во оваа општина во првите три месеци годинава починале 37 лица, меѓу кои и едно доенче. Биле регистрирани девет нови бракови, а три разводи.

Ранковце нема разведени парови, има осум нови бракови, 11 новородени деца, но и негативен природен прираст со коефициент 10, затоа што бројот на починати изнесува 21.

Leave a Reply