Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување на кралот Чарлс до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, јавува Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор од Велика Британија.
Loading...
Според изворот, на крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.
Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави, пренесува Ројтерс.
Кралот Чарлс ќе биде крунисан во сабота на 6 мај, пренесува Танјуг.