Лични карти ќе можат да се подигаат и утре

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигање на лични карти.

Loading...

Граѓаните своите лични карти ќе можат да ги подигнат во периодот од 7 до 19 часот.

Целта е како што наведуваат од МВР, да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас.

Никола Ивановски

Leave a Reply