Либански претседател во посета на Багдад

Сподели со своите пријатели

Либанскиот претседател Мишел Аун денеска пристигна во Багдад во еднодневна посета – прва официјална посета по повеќе децении.

– Тој ќе се сретне со ирачкиот колега Фуад Масум, изјави портпаролот на претседатеската администрација во Ирак.

Loading...

Предвидени се средбите со премиерот Хајдер ал Абади, со претседателот на Парламентот Салим ал Џабури и со вицепрестедателот Ајда Алави.

Либанскиот претседател е во Ирак во официјална посета првпат по војната меѓу Иран и Ирак од 1980 до 1988 година. Никој од државниот врв не стапнал во таа држава по ирачката инвазија на Кувајт и последователното меѓународно ембарго.

Поранешниот претседател на Либан (1982 – 1988 година), Амин Џемајел го посети Багдад во 2013 година во обид за посредништво со цел да се избегне инвазијата во Ирак на колаицијата на чело со САД.

Мишел Аун, кој што е христијанин маронит, ќе ја посети сириско- католичката катедрала Сајдат ал Хаџат (Пресвета Богородица) во Багдад, каде што при атентат на 31 октомври 2010 година загинаа 55 лица. Одговорноста ја презеде ирачкиот огранок на Ал Каеда, кој ги определи христијаните како „легитимна цел“./МИА

Leave a Reply