Лето кое ќе влезе во историјата: Кои се профитерите?

Сподели со своите пријатели

Азиските туристи со селфи стапови летово не шетаа низ алпските села. Крузерите претежно останаа закотвени во пристаништата, а хотелите во Средоземното море празни. Летото во 2020 година беше посебно од многу аспекти.

Статистичките податоци зборуваат сами за себе: во јуни и јули, секој друг хотел во Париз останал затворен, а Лувр имал 64 проценти помалку посетители од вообичаеното.

Loading...

Авиокомпаниите беа среќни што беше можно повторно да патуваат низ Европа на почетокот на јуни, но тие исто така се жалат за лошата сезона.

Така, во август 2020 година, на европските аеродроми се регистрирани 35 проценти помалку патници од претходната година. Пандемијата ја погоди целата туристичка индустрија, но ниту еден сегмент толку силно – како крузерите.

Веќе на почетокот на пандемијата т.н. „водени гиганти“ избувнаа како „расадник за вируси“.

По тримесечно заклучување со почетокот на летната сезона, крузерите започнаа да пловат – повеќе срамежливи од вообичаеното. Кризата предизвикана од коронавирусот стана очигледна за овој сегмент од туризмот.

Индустријата прави сè за да спречи нејзин целосен колапс: воспоставени се строги хигиенски концепти, а тестирањето за Ковид-19 пред патникот да се качи на бродот стана задолжителен дел од програмата за крстарење.

Но, новите вести покажуваат дека брзото опоравување не е на повидок. Така, норвешката агенција „Хуртигрутен“, која организира крстаречки експедиции на Антарктикот, ги откажа сите тури до крајот на годината. „Хуртигрутен“ се најде во центарот на вниманието на јавноста во последните неколку недели поради 70 заразени лица на крузерот „Роалд Амундсен“.

Запознајте ја татковината за да ја сакате повеќе!

Тешко е, кога станува збор за туризмот, да се зборува за „профитерите“ на кризата. Но, дефинитивно има и такви кои ова лето се справија релативно добро.

Loading...

Во својата студија, Германскиот економски институт за туризам на Универзитетот во Минхен укажува на зголемување на камперскиот туризам од 18% во споредба со, да речеме, 2016 година. Германците биле задоволни што кампувале оваа година – во нивната земја.

Бројот на регистрирани кампери така се зголемил за 24 проценти во 2020 година во споредба со минатата година.

Запознајте ја својата татковина за да ја сакате повеќе, па накратко може да биде мотото на летото 2020 година.

Многу туристички објекти зависеа од домашните туристи, а тие, од друга страна, беа повеќе или помалку принудени да ги откријат заборавените или никогаш неоткриените убавини на нивниот регион.

И како што кризата ја поттикнува креативноста кај луѓето, така се родија некои нови деловни идеи и започнаа нови бизниси.

Во новиот број на ТВ магазинот „Еуропо“, видете што значеше летото 2020 година за ноќните клубови и рејв-забавите во германската престолнина, како преживеаја австриските Алпи без туристите од Азија, каква е иднината за крстарењата со огромни крстосувачи…

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *