Летно кино на отворено во Умин Дол со кратки филмови

Loading...
Сподели со своите пријатели

Фото-кино клуб „Козјак” – Куманово во соработка со основното училиште „Карпош” и Рурал Ума Сто oд Умин Дол ќе одржи филмска ревија во склоп на настан замислен како летно кино на отворено.

Настанот ќе се одржи во петок, 20 јуни 2025, со почеток во 20 часот на училишното игралиште во Умин Дол.

Ќе бидат прикажани филмски проекти изработени од учениците со кои имаат учествувано на државниот конкурс „Средби под jаворите“ во чест на Видое Подгорец, а ФИЛМАЈ ревијата ќе ги прикаже „Налепница“ од Георги М. Унковски со Сашко Коцев во главната улога (најдобар домашен филм на ФИЛМАЈ 2020), и „Јуан од соседството“ (официјална селекција на ФИЛМАЈ 2024).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неверојатно откритие на Музеј Куманово: Први пишани траги на локалното население

Ревијата се одржува како дел од годишната програма на ФИЛМАЈ фестивалот на краток филм, поддржан од Општина Куманово и Агенцијата за филм на Македонија.