17.02.2018 15:18

Лекиќ, Цвијиќ и Радичевиќ од Вардар заминуваат во ЧСМ Букурешт

Facebook Twitter Google+

Вардаровите ракометарки Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ од следната сезона ќе настапуваат ЧСМ Букурешт, потврди денеска романскиот клубот на својата интернет страница.

Трите ракометарки иако се уште активно играат за македонскиот шампион „Вардар“ веќе ја имаа и официјалната промоција во ЧСМ Букурешт.

„Црвено-црните“ од следната сезона ќе настапуваат со поинаква екипа, составена од млади ракометарки од сопствените школи.

„Вардар“ сезонава игра одлично во Лигата на шампионите и нема пораз по девет одиграни меча, а реални се шансите да го донесат трофејот во Скопје. /МИА


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments