Лекар на клинички е повреден во пукотница со огнено оружје

Сподели со своите пријатели

Разбеснето лице утринава отворил оган кон лекар на Абдоменална хирургија при Клиничкиот центар во Скопје, незадоволен за смртта на неговата мајка, пишуваа медиумите, повикувајќи се на неофицијални извори за пукотницата што се случила рано наутро.

Loading...

Наводно, лицето, придружувано со уште неколкумина, разбеснет за смртта на мајка си, првин отворил оган кон лекарот, а потоа започнал со кршење на инвентарот низ одделението.

МВР се уште не ги потврдува причините за пукотницата и повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Лекарот според неофицијални информации е повреден во нога, додека некои медиуми тврдат дека тој се бори за живот.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.