Легендата за настанување на селото Буковљане

Сподели со своите пријатели

Минатото на нашиот крај е исполнето со низа настани и промени. Секое време со себе носело свои белези и оставало интересни црти за историјата. А настаните и промените се случувале ненадејно и постојано биле присутни мнозинство новини.Не се знаело што носи денот, а што ноќта.

Преку ноќ никнувале нови колибарски населби по кумановските полиња и гори и се менувал ликот на природата под дејството на вредната човечка рака. Токму тоа населување е и најинтересен момент во нашето минато. А секое село си има своја посебна приказна.

Loading...

Како настанало селото Кокино и како го добило своето име?

Таков бил и случајот со селото Буковљане, длабоко скриено во пазувите на планината Козјак и ширум распослано на јужната страна крај брегот на брзата и како солза чиста Бистрица.

Целото село Буковљане, кое во почетокот на седумдесетите имало 34 куќи, настанало само од две фамилии, доселени од селата Мусуљ (Велковска) и Љубато (Шопска), Босилеград.

Инаку, во истото село постоела населба и многу порано, но во времето кога се доселиле фамилииве, местото било запустено и воопшто не било населено. Кога и како се случило тоа, никој не знае.

Бидејќи селото се наоѓа сред планината Козјак, отсекаде е опколено со букова шума, која некогаш ја имало многу повеќе и била побујна, по неа и селото било наречено Буковљане.

Прочитајте ја легендата за селата Старо и Младо Нагоричане

А тоа никогаш не било така големо по бројност на куќите како во седумдестите, но просторот на обработливите површини е ограничен и маса млади луѓе веќе тогаш започне да заминуваат во „белиот свет“ печалбарски, сезонски или пак засекогаш.

Инаку во јужните села на Козјачијата живеела легендата дека сиот кумановски крај запустел по неуспехот на Карпошовото востание, кога мнозинството народ се преселило на север.

Loading...

Раскажал: Божин В. Смиљковски

Извор: „Наш весник“ – 16 октомври 1970 година


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *