Легендата за кратовското село Коњух

Сподели со своите пријатели

Во Градиште, околу три километри источно од Коњу, кратовско, постоел утврден град со околу 500 метри должина и ширина, кој бил добро заграден со ѕидишта и Турците никако не можеле да влезат во него.

Но, за една свадба во Градиште, сите главатари од градот отишле за девојка дури во Солун и притоа заборавиле да ја затворат тајната врата.

Loading...

Како се формирало селото и Драгоманце и од каде токму тоа име?

По извесно време низ таа врата излегле некои гуски, но Турците ги забележале, го пронашле тајниот влез, влегле со војска во град, го изгубиле населението, го опљачкале и запалиле.

Кога свадбарите со невестата Руса се вратиле од Солун и дошле над градот меѓу селото Пезово и Коњу, кај месноста Плакало, виделе дека чади запалениот град и сите се расплакале. А над нив кај месноста Млатикучка одела некоја кучка и притоа болно завивала и свадбарите неа ја убиле.

Како настанало селото Малотино?

Бидејќи градот бил опустен, пљачкосан и запален, свадбарите со невестата Руса дошле до месноста Русин Преслап и потоа пак се вратиле кон Солун и таму се населиле, по што една улица во Солун подоцна го добила името „Коњушка маала“.

Извор: „Наш весник“ – 17 јули 1970 година


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *