Како настанало селото Малотино?

Сподели со своите пријатели

Некогаш селото Малотино било само маало од селото Враготурце и таму им се наоѓале заедничка црква и гробишта, а куќите им се наоѓале до реката Бистрица, во месноста Масленке.

Плодно било местото, народот убаво си живеел, но фатила некоја страшна чума, та многу народ изумрел, а нивјето необработено запустело.

Loading...

Легендата за селото Градиште во Куманово

Виделе луѓето нема спас, и се преселиле високо над селото во месноста Градиште. Околу Градиште и сега сите месности си ги задржале старите имиња.

 

 

Но, и таму чумата не ги оставила на мира и речиси сиот преостанат дел луѓе од маалото засекогаш останале во новооформените гробишта. Останал само некој крив Станојко, со едната нога како домаќин на едната фамилија што преживеала, повторно се вратил надолу и се населил во една од сегашните маали. А бидејќи останал само мал дел од луѓето, селото, сега самостојно од Вроготурце го нарекле Малотино.

Легендата за името на селото Враготурце

Чумата набрзо минала, минале години, луѓето пак се намножиле, многу делидби биднале и нараснало селото по бројот на куќите и семејствата.

Loading...

Така настанале многуте некогаш распрскани маали по најплодната сончева страна на Козјак. А бидејќи сите водат потекло од тој крив Станојко, некои луѓе се каеле, бидејќи сметале дека поради потеклото од крив човек често се карала и суделе.

Извор: „Наш весник“ – 26 јуни 1970 година


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *