Леброн Џејмс постави негативен рекорд во НБА во овој век

Сподели со своите пријатели

Леброн Џејмс имаше несреќно статистичко достигнување на четвртиот натпревар од финалето на НБА плејофот против Мајами. Лејкерс го доби мечот со 102:96, а на сметка на 35-годишниот Американец се регистрирани 14 загубени топки (на овој шест и на претходниот меч осум).

Loading...

Единствениот кошаркар во историјата на лигата што забележал повеќе загубeни топки на два натпревара во финалето е легендарниот кошаркар на Лејкерс Меџик Џонсон (17 на 3. и 4. натпревар во 1983 година и 15 загубени топки на 5. и 6. меч во 1980 година).

На четвртиот натпревар од финалето против Мајами, Леброн постигна 28 поени, 12 скока и 8 асистенции.

Следниот дуел од серијата во која Лејкерс водат со 3-1 ќе се одржи ноќта петок кон сабота во 3 часот. з

Зоран Стерјовски


Leave a Reply