ЛДП во понеделник ќе одржи трибина во Куманово

Сподели со своите пријатели

Либерално-демократската партија од пред неколку дена започна со одржување на серија трибини низ Република Македонија, со наслов „Македонија после „Груевизмот“ – Либерални решенија“.

Loading...

Трибините имаат за цел да ги доближат граѓаните до ЛДП, раководството подетално да се запознае со проблемите кои ги имаат и да се презентираат програмските решенија за истите, во очи на предвремените парламентарни избори, закажани за 24-ти април 2016-та година, соопштуваат од ОО на ЛДП Куманово.

Првата трибина на оваа тема се одржа во Скопје на 29.10.2015 година во присуство на голем број на заинтересирани граѓани.

Трибината во Куманово ќе се одржи во понеделник /9 ноември/ со почеток во 18.00 часот во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации (поранешен Комитет).

Говорници на трибината ќе бидат:

  1. Јован Манасијевски, поранешен министер за труд и социјална политика и одбрана, ќе има дискусија во областа на економијата,
  2. Проф. Д-р Никола Пановски ќе се обрати на присутните и ќе размени мислења во врска со здравството и здравствениот систем во Р. Македонија,
  3. Адвокатот и поранешен претседател на Комисијата за спречување на корупција, г-дин Драган Малиновски, ќе го опфати правниот и судскиот аспект на функционирањето на државата,
  4. Никица Корубин ќе се посвети на делот на моменталната состојба со човековите права,
  5. Завршен збор на трибината, како и осврт на моменталните политички случувања, ќе има претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

По тој повод, Општинската организација на Либерално-демократската партија – Куманово ги поканува своите членови, симпатизери и сите заинтересирани граѓани да го проследат овој настан и преку размена на мислења со говорниците да придонесат за изнаоѓање на најквалитетни решенија за надминување на нивните проблеми.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.