Лажни банкноти од 100 евра кружат низ Куманово, измамени двајца

Сподели со своите пријатели

Две лица вчера пријавиле дека некој им побарал размена на банкнота од сто евра, која се покажало дека е лажна.

Loading...

Во првиот случај дваесет и четиригодишен кумановец бил измамен пред продажен објект на патот Куманово – Свети Николе.

– На 05.03.2024 во 10.50 часот во СВР Куманово, Ф.Д.(24) од Куманово пријавил дека на 04.03.2024 пред продажен објект на патот Куманово – Свети Николе едно лице побарало да му размени банкнота од 100 евра, за која подоцна се посомневал дека е фалсификувана и пријавил, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Втората жртва бил педесет и едногодишен кумановец, а според пријавата, бил измамен на истото место како и првата жртва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

– Исто така, на 05.03.2024 во 18.00 часот во СВР Куманово, Б.Т.(51) од Куманово пријавил дека на истото место едно лице побарало да му размени банкнота од 100 евра, за која подоцна се посомневал дека е фалсификувана и пријавил, стои во соопштението на полицијата.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Никола Ивановски